Канада се подготвува за масовен прилив на мигранти по победата на Трамп

66
EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Квебек граничи со четири североисточни американски држави, а Доналд Трамп за време на изборната кампања вети дека ќе нареди масовна депортација на милиони мигранти кои живеат илегално во САД. Во САД има околу 11 милиони мигранти без документи, а Трамп рече дека би можел да депортира по еден милион секоја година.

„Канада мора брзо да дејствува за да ги обезбеди своите граници од „масовниот прилив“ на мигранти поради победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), предупреди во средата премиерот на Квебек Франсоа Лего“, пренесува Anadolu.

„Ќе ја повикаме Федералната влада да ја исполни својата одговорност да ги заштити нашите граници. Проблемот не се имигрантите, туку бројот“, рече Лего на прес-конференцијата по победата на Трамп.

Националната полиција на Канада соопшти дека има планови за вонредни ситуации, вклучително и зголемен граничен надзор во случај на прилив на мигранти.

„Пред неколку месеци, почнавме да работиме на овој план за вонредни ситуации доколку тој (Доналд Трамп) победи и продолжи со некои од неговите политики за имиграција“, рече наредникот на кралската канадска коњичка полиција Чарлс Поарие.

Канадскиот вицепремиер Кристија Фриланд во средата рече дека ја препознаваат „важноста на безбедноста и контролата на границите“.