Светскиот тениски рекет Италијанецот Јаник Синер, го ангажираше и Радек Степанек, кој исто така беше поранешен тренер на најдобриот тенисер на сите времиња Србинот Новак Ѓоковиќ. Така сега во стручниот штаб на Италијанците има тројца поранешни соработници на Ноле, што веќе говори за болна опсесија.

Синер се повлече од Мастерсот во Париз поради стомачен вирус, кој изненади многумина, но се чини дека тоа беше за да се фокусира на Мастерсот во Торино.

Тој минатата година беше запрен од Новак Ѓоковиќ и оттогаш Синер експлодира, бидејќи освои две грен слем титули годинава и стана најдобар во светот, а вкупно има седум трофеи во сезоната и не планира да застане тука. Италијанецот го сака и пехарот од завршниот Мастерс турнир во Торино

Колку во тоа му помогнал допингот кој го користел, истрагата ќе утврди, додека од друга страна може да се забележи дека на теренот почнал да го „копира“ Новак Ѓоковиќ. Така го ангажираше неговиот поранешен физиотерапевт Улисес Бади, потоа фитнес тренерот Марко Паники (сето тоа по раскинувањето со стручњаците кои ја „предизвикаа“ допинг-аферата), додека сега пред Торино покани уште еден добар познаник на Ноле.

Станува збор за чешкиот тенисер Радек Степанек, кој му беше и тренер на Ѓоковиќ. Тоа беше во текот на 2017 и 2018 година кога кратко време соработуваа, додека сега е ангажиран во стручниот штаб на Јаник Синер, но допрва ќе се види во каква форма и колку всушност ќе биде присутен.

Италијанецот во моментов има 11,330 поени, скоро 4,000 повеќе од Александар Зверев, кој од вчера е на втората позиција и го мина Карлос Алкараз.