По победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, обожавателите на „Симпсонови“ веруваат дека креаторите на серијата уште еднаш успеале да ја предвидат иднината, а овој пат се работи за изборната карта на САД.
Имено, во 2000 година е емитувана епизодата од 11-та сезона „Барт кон иднината“ и оттогаш често се цитира.
Станува збор за епизода во која жена станува претседател на САД, а многумина веруваа дека според „пророштвото“ на серијата на чело на државата ќе биде Камала.
Откако тоа не се случи, фановите пронајдоа детал од оваа епизода кој сепак се совпаѓа со реалноста и е прилично неверојатен.
Иако во епизодата беше прикажано дека на изборите победила жена (Лиза Симпсон), што во реалноста не се случи – мапата во позадина е неверојатно слична на онаа што одговара на моменталната состојба по изборите во САД, пренесува Кликс.
WTF SIMPSONS ARE FROM THE FUTURE THEY GOT LITERALLY THE EXACT MAP FROM THIS ELECTION #ElectionDay #USAElection2024 #Kamala4President #Harris_Walz2024 pic.twitter.com/9tthDd5mS5
— Edgarplays studio’s (@edgarplaysST) November 6, 2024
На „Твитер“, корисниците се чудеа на тоа како можеле да ја погодат изборната мапа со „морничава точност“, а некои се прашуваа дали е можно „Симпсонови“ од иднината да добијат буквално точна карта на овие избори.
Во 2016 година, Ден Грини, кој беше заслужен за пишувањето на епизодата „Барт кон иднината“, рече дека тоа е шега што требаше да биде „предупредување за Америка“.
Во минатото, фановите се плашеа од премногу точни предвидувања на настани од реалниот живот. Во 2012 година, во серијата навестија елементи од настапот на Лејди Гага на полувремето во Супер Боул во 2017 година, сè до нејзината светкава облека. Тие, исто така, го предвидоа исходот од претпоследната епизода од „Игра на тронови“ кога ја пародираа серијата во 2017 година – две години пред емитувањето на епизодата „GOT“.
„Симпсонови“ предвидуваа и технолошки развој, како што се телефоните што остваруваат видео повици и очилата за виртуелна реалност со кои луѓето стануваат опседнати. Тие дури предвидуваа катастрофи како пандемија и потонување на подморница.