Контроверзниот УФЦ-борач, Конор Мекгрегор, се појави пред судот во Даблин, под обвинение за силување на 35-годишната Никита Ни Лајмхин.
И додека сите чекаат да се појави во октагонот, тој со години се соочува со бројни правни проблеми, а сега се најде во најголемиот проблем.
Ирецот се појави пред судот во Даблин, обвинет од 35-годишната Никита Ни Лајмхин дека ја силувал пред шест години, во хотел.
Никита истакна пред судот дека контактирала со Конор, кој потоа ги поканил неа и нејзината пријателка на забава во хотел. По пат, тие зеле уште едно лице, Џејмс Лоренс, кој, исто така, е обвинет во случајот.
Никита рекла пред судот дека на забавата се консумирало алкохол и кокаин. Конор потоа побарал да го задоволи, а таа го одбила. Ирецот не застанал тука, па се решил за нов напад.
- Ме притисна, ме држеше за зглобовите и имав крвави гребаници на градите. Вратот ми беше со модринки. Се обидов да се одбранам, но набрзо се откажав – открива Никита.
Потоа се јавил адвокатот на силуваната жена.
- Таа се обидела да го оттурне, но не можела. Ќе видите фотографии од нејзините раце и зглобови, кои беа црни и сини. Ќе видите крвави лузни на нејзините гради. Тоа беше од часовникот што го носела кога се обидела да се одбрани. Мекгрегор потоа ја превртел, ја презел контролата над рацете и вратот. Таа не можела да дише. Кога го направил тоа по трет пат, таа се откажала. Немала сила да се одбрани. Тој ѝ рекол: „Сега, кога ќе те фрлам три пати, ти види како е да се биде во октагонот. Таа била преплашена. Знаела што ќе се случи. Станува збор за насилен напад – открива адвокатот.
Мекгрегор со само неколку збора се обидел да се одбрани пред судијата.
- Само се забавувавме и имавме малку жежок секс. Таа се согласи на тоа – изјави Мекгрегор.
Џејмс Лоренс кој, исто така, е на обвинителната клупа, тврди дека врската била со заемна согласност.
- Тоа беше врска со заемна согласност. Го направивме тоа двапати – истакна Лоренс.
Девојката бара од Мекгрегор милионска отштета, а ќе видиме што ќе одлучи судот за овој случај.