Мицкоски му ја честиташе победата на Трамп: Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД

25

-Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот „Donald J. Trump“ за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави, напиша на својот Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

-Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.

Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.

Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.

Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ!, стои во објавата на македонскиот премиер Мицкоски.