Американските астронаути гласаа од вселената

64

Астронаутите Буч Вилмор, Сани Вилијамс и Дон Петит денеска објавија дека предвреме гласале на претседателските избори во САД на 13 септември од Меѓународната вселенска станица (МВС).

Астронаутите на НАСА објавија фотографија на Инстаграм на која се облечени во чорапи со американско знаме на денот на изборите.

На чорапите на двајцата астронаути пишувало „Горд што сум Американец“.