Посебен празничен специјалитет: „Пијан“ крап од рерна на кој е невозможно да се одолее

42

Направете крап како од најдобрите рибни ресторани. Истурете бело вино за посебен допир.

Празничната сезона трае долго, па ако се падне во среда или петок, мора да подготвите брз оброк. Еден од специјалитетите е рибата, а ние ви го пренесуваме најдобриот рецепт за пијан крап.

Крапот се свари кога убаво ќе порумени, а можете да проверите така што делот малку ќе го подигнете до главата и да видите дали е сварен околу коските, дали не е црвен. Печениот крап послужете го топол со нови компири.

Состојки

-крап (1.5-2 кг.)

-200 гр посен маргарин

-4 чешниња лук

-1 мал кромид
250 мл бело вино
2 лажици презла
2 ловорови листови
магдонос
кора од еден лимон
рузмарин
сол и бибер
Фото: Shutterstock
Подготовка:
Маргаринот се мати додека не се пени, па се додава магдоносот, кората од лимон, рузмаринот, солта и биберот и се се меша додека не се изедначи смесата. Додадете издробен лук и исечканиот кромид и соединете сè. Оваа смеса намачкајте ја на внатрешната и надворешната страна на крапот.

Во тавата истурете малку масло и бело вино и печете го крапот на 180 степени 20 минути. Се вади и се посипува со презла и се става ловоров лист и се враќа на печење.

Крапот се свари кога убаво ќе порумени, а можете да проверите така што делот малку ќе го подигнете до главата и да видите дали е сварен околу коските, дали не е црвен. Печениот крап послужете го топол со нови компири.