Откривањето и апсењето на двајцата пензионирани инспектори поради сојузништвото со криминалната група „Дуќанџик“ од с. Грчец е само почеток на она што ќе следи во иднина, најави министерот Панче Тошковски.
Откривањето и апсењето на двајцата пензионирани инспектори поради сојузништвото со криминалната група „Дуќанџик“ од с. Грчец е само почеток на она што ќе следи во иднина, најави министерот Панче Тошковски кој кажа дека МВР и Обвинителството поседуваат обемна документација со бројни цврсти докази добиени пред се преку апликацијата СКАЈ од меѓунароните партнери. Дали станува збор за кртови од службата не сакаше денеска да открие, но порача дека претстои сериозна борба со организираниот криминал и корупција.
-Во рамки на информациите кои што ги имам станува збор за огромен број на докази поврзани со конкретни кривични дела. Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзано со организиран криминал и висока корупција. Во иднина ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата,- -Панче Тошковски – министер за внатрешни работи.
Ниските плати на полицијата, партизираноста на институциите и несоодветното образование на службениците се само дел од причините поради кој се завршува како крт на платниот список на мафијата, смета експерот по безбедност Љубомир Ѓурчевски. Порадо тоа, тој вели дека МВР и Обвинителството ќе имаат полни раце работа, но гледа и подготвеност кај нив за посериозна битка со организираниот криминал.
-Нема институција која не е жртва на корупција, така и МВР, но тоа ја потврдува онаа теза дека сите ние кои го проучуваме организираниот криминал кажуваме дека, еднаш регрутиран, значи нема излегување од тие организирани криминални групи. Тие вечно ќе служат и ќе ги извршуваат оние работни задачи кои што од нив ги бараат организираните криминални групи, односно оддавање на службена тајна со цел да криминалните групи избегнат постапки кои што ги спроведуваат полициските службеници. Конспиративноста е падната на најниско можно ниво, како во полицијата, така и во обвинителството, -Љубомир Ѓурчевски – експерт за безбедност.
Двајцата пензионирани полицјаци и третото лице од ОЈО ГОКК добија 30 дневен притвор во затворот во Шутка. Меѓу другото, се товарат дека дека се заканувале на жртва за обид за Убиство по нарачка да ја смени дадената изјава во полиција, во спротивно тој или неговото семејство повторно ќе бидат мета на напад. Но, не застанале тука, се сомничат дека споделувале информации за убиства, за посебни истражни мерки за случајот „Планина“ кој се водеше против „Дуќанџик“, за кој и тогашната шефица на обвинителството Русковска кажа дека акцијата е компромитирана од структури на МВР.