Обложувалниците предвидоа победа на Трамп, 62% се обложиле на него

392

Вчера напладне по средноевропско време во САД беа отворени гласачките места за избор на претседател.

До самиот изборен ден владее неизвесност околу тоа кој ќе влезе во Белата куќа – демократката Камала Харис, како прв жена американски претседател, или по вторпат републиканецот Доналд Трамп, со оглед на тоа што последните анкети покажаа предност на Харис, но во рамки на статистичка грешка.

Повеќе од 78 милиони луѓе веќе го дадоа својот глас во предвременото гласање преку пошта, а останатите вчера се изјаснуваа на избирачките места во над 25 американски држави.

Главните советници на Трамп сметаат дека успехот, односно неуспехот на нивниот кандидат зависи пред се од излезноста, односно дали ќе гласаат оние кои го поддржуваат.

Но, во обзир се зема и можноста изборите да завршат нерешено, ситуација која досега се случила двапати. Прашање е што понатаму, односно дали изборите ќе се повторат ако и двајцата кандидати имаат по 269 електорски гласови.

На денот на изборите на обложувалницата „Полимаркет“ се бележат значителни промени. Според оваа платформа шансите на Трамп се во пораст, а кај Харис се бележи пад во предвидувањата. Вчера предвидувањата беа 62% за Трамп, 38,2% за Харис. Ден претходно победа на Трамп предвидоа 58% од обложувачите, а 42% се обложија на Харис. Пред еден месец, на „Полимаркет“ тие беа целосно изедначени.