Самостојна изложба на Владимир Темков во КИЦ

361

Добитникот на наградата 11 Октомври за животно дело за 2024 година академскиот сликар Владимир Темков, на 6 ноември, во 20 часот, во Културно информативниот центар во Скопје, ќе ја отвори својата нова самостојна изложба.

На изложбата Темков ќе се претстави со 30 досега неизложувани слики од неговиот последен циклус.

Роден е во Кавадарци во 1959 година. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски, а дипломира на Факултетот за ликовни уметности-отсек графика во класата на проф. д-р Трајче Блажевски. Магистерските студии на отсекот сликарство на ФЛУ ги завршува во класата на проф. Благоја Маневски. Тој е оснивач и организатор  на Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци-Михајлово“, од 1996 година. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број самостојни, групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми, семинари во Македонија и регионот. Живее и работи во Кавадарци.