Пред да замине ЕТХ жестоко ја критикуваше ѕвездата на Јунајтед

450
epa10304195 Manchester United's manager Erik ten Hag reacts during the English Premier League soccer match between Fulham FC and Manchester United in London, Britain, 13 November 2022. EPA-EFE/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Манчестер Јунајтед и Ерик Тен Хаг ја прекинаа соработката на крајот на октомври, а во менаџерското столче местото ќе седне португалскиот стручњак Рубен Аморим, кој наскоро треба да дебитира на клупата на „црвените ѓаволи“.

Додека Аморим не ја обезбеди сета потребна документација, тимот од клупата ќе го води легендарниот холандски фудбалер, Руд Ван Нистерлој.

Медиумите на островот пласираа неколку информации за односот на ЕТХ со некои фудбалери.

На тој начин беше лансирана веста дека холандскиот стручњак жестоко го критикувал Маркус Рашфорд за неговите настапи.

Тен Хаг не штедеше зборовите кон англискиот напаѓач, па дури отиде до тој степен да смета дека Рашфорд не е на ниво на професионалец. Посебно го критикуваше неговиот начин на живот кој не беше наводно немал никаква допирна точка со спортот, а Холанѓанецот веруваше дека сето тоа влијае на неговите игри на теренот.

„Тој треба да го подобри својот живот, односот на тренинзите и натпреварите. Кога ќе може да биде професионалец, ќе игра најдобро што може. Тој не може да биде професионалец со вакво однесување“, изјави Тен Хаг и додаде:

„Сите играчи во Премиер лигата, но и во овој клуб, знаат дека е потребна издржливост, му треба и поддршка, но никој не може да му помогне, додека тој самиот не си помогне“.

Рашфорд оваа сезона за Јунајтед одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и запиша три асистенции. На прв поглед не изгледа толку лошо, но статистиката во Премиершип е далеку од идеална. Во Премиершип, Рашфорд одигра девет натпревари и постигна само еден гол.