Килијан Мбапе заврши на шестото место кога е во прашање годинашното издание на „Златната топка“ на Франс Фрудбал. Французинот солидно ја стартуваше новата сезона со Реал (М), но во неговата татковинаа не се убедени дека би можел да ја добие наградата за најдобар фудбалер во светот во блиската иднина.
Угледниот француски весник „L’Equipe“ реши силно да удри по Килијан Мбапе откако заврши доделувањето на „Златната топка“.
Францускиот интернационалец и ѕвезда на Реал (М) не беше ни блиску до наградата за најдобар играч на светот. Заврши шести, а „L’Equipe“ се прашува дали брзоногиот напаѓач некогаш ќе ја освои наградата.
Поради таквата ситуација „L’Equipe“ му испрати јасна порака: „Запрашајте се каде оди вашата кариера“.
“Мбапе во декември ќе наполни 26 години. На таа возраст Лионел Меси веќе имаше четири Златни топки. Капитенот на Франција наскоро ќе треба да се запраша дали воопшто ќе освои барем една”, пишува угледниот весник.
Мбапе лани беше трет во изборот, претходните години исто така често беше во врвот, но никогаш блиску до наградата.
Затоа Французите му ставија прашалници преку глава и јасно е како ден дека не му веруваат премногу.
Килијан одлично влезе во актуелната сезона, на одиграните 14 натпревари постигна осум гола и запиша две асистенции. Сепак, за да ја освои „Златната топка“ ќе му требаат и трофеиите со Реал (М) кој не влезе баш најдобро во сезоната.
„Кралевите“ заостануваат шест бода зад Барселона во првенството, а во Лигата на шампионите имаат две победи од три натпревари.
Винисиус Јуниор не успеа да ја земе наградата за најдобар играч на светот иако беше голем фаворит. Наградата му припадна на Родриго.