Субвенција до 6.000 денари за стерилизација на домашните миленици 

1250

Локалната самоуправа 100 % ќе ги надомести трошоците на граѓаните, но не повеќе од 6.000 денари. – Ова е уште една мерка што ја реализираме како одговорна локална самоуправа, во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски

 

Општина Гази Баба им доделува субвенции на граѓаните за стерилизација на домашните миленици. За таа цел, објавен е јавен повик.

Локалната самоуправа 100 % ќе ги надомести трошоците на граѓаните, но не повеќе од 6.000 денари.

– Ова е уште една мерка што ја реализираме како одговорна локална самоуправа, во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој додава дека придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината.

– Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и за намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност – заклучи Стефковски, повикувајќи ги граѓаните да ја искористат можноста и да добијат субвенции.