Путин: „Неколку пати кажав, Русија е подготвена за преговори со Украина“

75
EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека земјата е подготвена да води преговори со Украина.

– Неколку пати кажав дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза, на самиот почеток на овој конфликт, ги водеше тие преговори. Од украинската страна дури беше подготвен и парафиран заемно прифатлив договор. Сепак, според советите од надвор, кои подоцна ги потврдија и украинските власти, украинската страна го отфрли тој договор – рече Путин на церемонијата на предавање на акредитивните писма на странските амбасадори во Кремљ, пренесе Риа новости.

Тој исто така рече дека Русија е отворена за меѓусебна соработка со сите земји.

„Русија е отворена за взаемно корисна соработка со сите земји без исклучок за принципите на еднаквост, немешање во внатрешните работи и строго почитување на меѓународното право“, рече тој.

Во однос на конфликтот на Блискиот Исток, Путин рече дека Русија активно се обидува да спречи палестинско-израелскиот конфликт да ескалира во поголема војна.