Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека доколку поранешниот претседател на САД и републикански кандидат Доналд Трамп победи на претстојните претседателски избори, Европа не може да остане провоена ориентирана.
Во интервју за унгарското државно радио Кошут, Орбан исто така рече дека Европа не може сама да го носи товарот на руската војна против Украина, во која Европа е „неодговорно вовлечена“ и дека Европејците ќе мора „да се прилагодат на ситуацијата“.
По повод изборите во САД, Орбан рече дека на почетокот на годината рекол дека до крајот на годината условите во светот ќе бидат поинакви и дека овие промени ќе бидат проследени со победа на Доналд Трамп, објави унгарскиот портал Телекс.
Според него, ќе се промени и односот кон миграцијата и родовите прашања.
Унгарскиот премиер ја истакна и својата поддршка за Трамп.