ТРИ СЦЕНАРИЈА ПО КОИ ИЗБОРИТЕ ВО САД МОЖЕ ДА ЗАВРШАТ НЕРЕШЕНО! Што понатаму?!

507
EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Претседателските избори во Америка кои се одржуваат денеска, 5 ноември, би можеле да завршат нерешено! Оваа ситуација, која досега се случи двапати во историјата, е реална и има дури три сценарија по кои може да се случи и сега.

Потпретседателката на САД, Камала Харис, која е претседателски кандидат на Демократската партија, има речиси обезбедено 226 електорски гласови и ѝ недостигаат 44 од 270 што и се потребни за да победи, според последните анкети.

Од друга страна, нејзиниот противкандидат, поранешниот претседател и кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп, исто така може да смета на речиси сигурни 219 електори. За победа му недостигаат 51 изборен глас.

Во игра останаа уште 93 изборни гласа, што е вкупниот број на седум неопределени држави за кои во моментов се води жестока битка.

Кои се „свинг држави“?

Невада има 6 електорски гласови, Аризона 11, Висконсин 10, Мичиген 15, Пенсилванија 19, Северна Каролина 16 и Џорџија исто така 16.

Ова се трите сценарија кои би довеле до тоа претседателските кандидати да ја завршат изборната ноќ со еднаков број од 269 изборни гласови:

Доналд Трамп победи во Пенсилванија (19 избирачи), Мичиген (15), Висконсин (10) и Невада (6), а Камала Харис победи во Џорџија (16), Северна Каролина (16) и Аризона (11).
Трамп ги освојува Пенсилванија (19), Северна Каролина (16) и Мичиген (15), додека Харис ги освојува Џорџија (16), Аризона (11), Висконсин (10) и Невада (6).
Трамп ги освојува Пенсилванија (19), Џорџија (16) и Мичиген (15), додека Харис победува во Северна Каролина (16), Аризона (11), Висконсин (10) и Невада (6).

Така, доколку некое од овие три сценарија се оствари, Доналд Трамп и Камала Харис ќе бидат изедначени по бројот на освоени електорски гласови – ќе имаат по 269.

Во тој случај, прашање е што и какопонатаму? Ќе се повторат ли изборите? Ќе има ли пребројување на гласовите во некои држави?