Дали Америка првпат ќе ја води жена, или по вторпат Трамп – ќе одлучат 1 отсто од гласачите?!

25
EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Американците денеска излегуваат на 60. претседателски избори во нивната историја, а целиот свет го чека нивниот неизвесен исход, кој ќе влијае на низа глобални конфликти и кризи. Во исто време се избира и новиот состав на Конгресот и третина од Сенатот. Гласањето е денеска, за сите кои не ја искористиле можноста да гласаат порано. Тесно е во прогнозите бидејќи се работи за трка без фаворити како што ја опиша Гласот на Америка.Жестоката кампања, полна со пресврти – беше доведена до крај. Од повлекувањето на Бајден, преку обидот за атентат врз Трамп, до театралните настапи и пораки.

Американците денеска го избираат 47-от претседател. Доколку ја изберат демократската кандидатка, Камала Харис, тоа ќе биде првпат во историјата Соединетите Американски Држави да бидат предводени од жена. Доколку мнозинството гласа за кандидатот на Републиканците, Доналд Трамп по втор пат ќе влезе во Белата куќа.

Американските гласачи остануваат поделени меѓу републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис, а анкетите покажуваат неизвесна трка. Иако според анкетите, спроведени според претходното гласање, Трамп има блага предност, најновите податоци покажуваат дека се ќе биде решено со еден процент.

Со одлука на Конгресот од 1845 година, претседателските избори се одржуваат во вторник по првиот понеделник во ноември. Соединетите држави во тоа време сè уште беа главно аграрно општество, па изборите во ноември им овозможија на многу Американци да излезат на гласање по есенската сеидба и пред зимата. Бидејќи неделата беше Божји ден, а среда беше пазарен, изборот падна во вторник.