Поради барањето на опозицијата, Вучиќ предложи референдум за негово разрешување

138

Поради барањето на опозицијата, српскиот премиер Милош Вучевиќ да поднесе оставка поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица, претседателот на Србија предложи референдум за негово разрешување.

„Ви нудам решение, ви нудам голема победа. За да не ми кажувате какво мнозинство во Собрание треба за се, ќе ви дадеме 126 гласа за мнозинство. Ќе излеземе да го прашаме народот, народното собрание да побара од народот советодавно мислење за референдумот за разрешување на Александар Вучиќ. Сега проверив со Дејан Ѓурѓевиќ дали се согласуваат со постапката за разрешување. Ако 50 отсто од луѓето кажат дека се согласуваат, јас нема да бидам претседател ниту еден ден. Јавно ветувам дека повеќе нема да бидам претседател и ќе одиме на нови претседателски избори“, рече тој.

Тој додаде дека изборите може да се одржат во јануари, март или мај.

„Изберете кога сакате“, истакна тој.