Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека 11.000 севернокорејски војници се распоредени во рускиот регион Курск за да ја поддржат руската армија во обид да ги потиснат украинските сили кои навлегле на таа гранична територија.
„Веќе има 11.000 од нив во регионот Курск. Гледаме зголемување на бројот на Севернокорејци, но не и зголемување на реакцијата на нашите партнери“, рече Зеленски вечерва во своето дневно обраќање.
Зеленски, кој веќе неколку пати зборуваше за пристигнувањето на севернокорејските војници, бара од своите сојузници да и помогнат на Украина пред да пристигнат севернокорејските трупи распоредени во Русија на бојното поле.
Белата куќа минатиот четврток соопшти дека околу 8.000 севернокорејски војници сега се во руската област Курск во близина на границата со Украина и се подготвуваат да му помогнат на Кремљ во војната против Киев.