Ардијан Демири и Ведат Салихи го поминаа комисискиот филтер за членови на Советот на јавните обвинители

44

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата попладнево дадоа поддршка Ардијан Демири, адвокат од Струга и Ведат Салихи, дипломиран правник со положен правосуден испит од скопското село Арачиново да бидат избрани за членови на Советот на јавните обвинители.

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата попладнево го поддржаа изборот на Ардијан Демири и Ведат Салихи за членови на Советот на јавни обвинители. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, истакна дека тројца кандидати се пријавиле, од кои двајца се избрани од припадниците на помалите заедници.

 

Сајкоски ги наведе условите за избор на членови, вклучувајќи 15 години работно искуство и положен правосуден испит. Пратеникот Сали Мурати побара дополнителна проверка на документите на кандидатите, истакнувајќи дека дел од нив можеби не ги исполнуваат условите.

 

По расправата, Сајкоски предложи одлагање на точката, но Ријад Шаќири од „Влен“ се противеше. Мурати дополнително нагласи дека условите мора да бидат исполнети во моментот на аплицирањето.

 

На денешната седница беше избрана и Малинка Николиќ за претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата, а утврдени се членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. Од 19 кандидати, избрани се пет.

 

Исто така, донесена е одлука за именување на претседател и членови на Националниот совет за евроинтеграции.