Горан Весиќ за утре најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија

0
60
Фото: принтскрин

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

Горан Весиќ најави дека утре и официјално ќе поднесе оставка до премиерот, која треба да биде констатирана од српското Собрание.

„До сега немам огласено од почит кон жртвите и нивните семејства. Оставката ја понудив истиот ден кога се случи несреќата во Нови Сад. Сакам да ве информирам дека утре наутро ќе ја поднесам мојата оставка до премиерот, а кога српскиот парламент ќе ја потврди мојата оставка, ќе престанам да ја извршувам функцијата во техничкиот мандат“, рече Весиќ.

Тој посочи дека „ниту тој, ниту луѓето кои работат со него немаат ни трошка одговорност за трагедијата што се случи“.

„Истрагата ќе го утврди тоа. Како што знаете, јас прв се јавив на поканата за рочиште. Министерството со ниту еден акт не можеше да влијае на проектот и на квалитетот на реконструктивните работи во Нови Сад“, рече Весиќ.

Тој ги повика надлежните органи, пред се обвинителството, во најкраток можен рок да утврдат кој е одговорен за несреќата што се случи во петокот и кој „во кругот на проектант, изведувач, надзорник и инвеститор не ја извршил работата што ја предизвика смртта на 14 невини луѓе“.

Со ова ќе се тргне дамката од имињата на многу луѓе кои деновиве се споменуваа во јавноста“, рече Весиќ на вонредната прес-конференција на која најави дека ќе поднесе оставка од министерската функција.