epa11699084 Alexander Zverev of Germany celebrates with the trophy defeating Ugo Humbert of France during his final match at the ATP Paris Masters tennis tournament in Paris, France, 03 November 2024. EPA-EFE/YOAN VALAT

По триумфот  на мастерсот во Париз, Александар Зверев, стана најуспешниот активен тенисер кога станува збор за мастерс 1000 титулите по Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Германскиот тенисер сега има седум освоени титули. Зад своето име тој сепак се уште нема грен-слем титула па доби интересно прашање по крајот на мечот дали би сакал повеќе да освои грен-слем или да биде број еден на светот.

„Не може едно без друго. Мислам дека денеска овие успеси одат рака за рака. Многу е тешко да станеш број еден без триумф на грен-слем“, вели Зверев.

Само еднаш во историјата се случило вакво нешто. Марсело Риос на крајот на деведесеттите беше светски број еден без триумф на еден од четирите најголеми турнири во тенисот.