Брнабиќ: „Зошто ја бараат „главата на Вучевиќ“, што е негова вина, нека ја бараат мојата“!

992

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јасно кажал дека очекува политичка и кривична одговорност за трагедијата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, и повтори дека никој  „нема да биде заштитен“.

Брнабиќ во емисија на телевизија Хепи изјави дека опозициските претставници последниве денови зборуваат дека некој ја избегнува одговорноста.

„Нема да бидат заштитени кривично, но се очекува и политичка одговорност. Во изминатите десет години никогаш не бегавме од одговорност“, рече таа, наведувајќи го како пример дека по трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ ресорниот министер Бранко Ружиќ поднесе оставка, а таа како премиер во тоа време, рече дека нејзината оставка е на маса.

„Се случуваат трагедии и тоа е страшно, но никој нема да биде заштитен“, повтори Ана Брнабиќ.

Таа рече дека се повторува атмосферата на линч, „дајте крв, дајте глава“.

Додека спасувачите во Нови Сад сè уште бараа преживеани под урнатините, опозицијата „се состана за да види дали може да ја искористи оваа трагедија“, рече таа.

„А што е крив премиерот?

За плакатот во Нови Сад со ликовите на српскиот премиер Милош Вучевиќ и министрите Томислав Момировиќ и Горан Весиќ, со порака: „Корупцијата убива – ќе одговарате!“, таа праша: Што сакаат?

„А, што е крив премиерот, да видиме колку беше часот кога се случија тие грешки. Можеше да биде и градоначалникот на Нови Сад, што нема апсолутно никаква врска со тој проект, освен што се работи за неговиот град. Тој ниту е таму надзор, ниту постои градежна инспекција, ниту тој како градоначалник, политичар може нешто да направи“, рече Брнабиќ.

Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ! Состојбата на повредените во Нови Сад и понатаму е критична

Како што додаде таа, ако некој премиер е одговорен, тогаш тоа е таа, која на таа функција беше седум години.

„Ако ја сакате (главата) на претседателот на владата, тогаш барајте ја мојата, а не главата на премиерот кој стана премиер по изборите во 2023 година“, рече Брнабиќ.

Реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад е проектирана без ниту еден конструктивец, тврди градежна инженерка