Минатата година Хиба Абук (37) беше прогласена за најубава актерка на светот, но таа година нема по добро да ја памети бидејќи се разведе од веќе поранешниот сопруг Ахраф Хакими.

Популарната шпанска актерка беше во центарот на вниманието поради разводот со 12-години помладиот фудбалер, кој игра за ПСЖ и мароканската репрезентација.

Во брак беа три години и ги имаат синовите Наим и Амин. Се чини дека брачните несогласувања настанале набргу откако Хакими беше обвинет за сексуална злоупотреба на друга девојка.

Пријавата против него ја поднела девојка која ја однел во својот стан во Париз и, според неа, против нејзина волја имал сексуални односи со неа. Поради тоа, на Хакими преку ноќ му се промени животот, а Хиба Абук реши да се разведе од него.

Иако денес живее луксузен живот, сепак, нејзиното минато било сурово и тешко.

  • Никогаш не сум крадела. Единствениот пат кога крадев беше од потреба, бидејќи немав што да јадам. Влегов во супермаркет, земав сендвич и си реков, ако ме фатат, ќе платам, ако не, заминувам како ништо да не се случило. Тогаш ми беше тешко, немав избор, изјави убавата Хиба Абук.