Кошаркар среде ноќ го напушти клубот

0

Кошаркарскиот клуб Хапоел од Тел Авив се огласи на социјалните мрежи дека нивниот играч Џонатан Мотли ги собрал сите свои работи и го напуштил клубот, па веднаш е покрената постапка против него.

  • Сериозно го сфаќаме потегот на нашиот кошаркар, кој потпиша двегодишен договор. Клубот инвестираше и ќе продолжи да инвестира големи суми пари и во иднина ќе се труди да доведе врвни играчи за да се справи со високите цели кои се поставени оваа сезона, потенцираа од клубот и додадоа дека не го разбираат потегот на Џонатан Мотли кој доби „богат договор“ кога потпиша минатото лето по заминувањето од Фенербахче.

Неофицијално, тој во Хапоел заработува по 1,5 милиони долари годишно. Мотли игра на позицијата центар, а летово пристигна во Хапоел од Фенербахче.

Тој имаше одлични партии во дресот на Хапоел во рамки на Еврокупот каде бележеше во просек по 17,5 поени и шест скока по меч.

За него заинтересирана беше Црвена звезда, па дел од српските медиуми веруваат дека токму тоа е причината за ваквиот потег на Модли, а други пак, сметаат дека војната во Израел е гланвата причина за неговото заминување.

Ќе видиме по која основа Мотли побарал раскин на договорот со Хапоел, но не би бил ниту првиот ниту последниот кој сакал да замине поради воената ситуација во Израел, па неодамна ги видовме примерите на Лоренцо Браун и Џордан Лојд, кој замина поради страв од војната.

Покрај тоа што беше дел од неколку европски клубови, како Фенербахче и Локомотив Кубањ, Мотли се проба и во НБА лигата каде играше за Далас и Лос Анџелес Клиперс, пред да дојде во Европа.