Во делови од Саудиска Арабија, покрај силен дожд и град, на планините падна и снег, пренесе државната агенција СПА.
Веќе неколку денови врне дожд во регионот Ал Џауф, а сега планините побелеа.
Пејзажот на регионот Ел Џауф, познат по своите сезонски диви цвеќиња, како лаванда, хризантема и голем број ароматични растенија, моментално привлекува со необична природна убавина.
https://twitter.com/i/status/1853046855707316318