Затворени гласачките места во Молдавија во вториот круг од претседателските избори

0
40

Во Молдавија гласачките места во вториот круг од претседателските избори беа затворени во 21:00 часот по локално време, пренесува РИА Новости.

Излезноста на претседателските избори до 20 часот надмина 53 отсто, се наведува на веб-страницата на молдавската Централна изборна комисија (ЦИК).

Во првиот круг од гласањето на 20 октомври гласале 51,67 отсто од избирачите.