Израел не престанува со нападите врз Газа, условите за живот стануваат се потешки

0
91

Израелската армија од утрово уби 35 Палестинци низ Појасот Газа, од кои 17 лица на север.

Израелските напади продолжија на Беит Лахиа, каде беше погодена станбена зграда.

Две населби се целосно уништени.

Северот на Газа е под израелска опсада речиси еден месец, поради што хуманитарната помош не влегува во областа.

Цел на израелските напади не се само областите на север.

Најмалку осум Палестинци, меѓу кои и деца, загинаа во воздушен напад врз Кан Јунис.

Повредените се префрлени во болници кои работат со намален капацитет и едвај функционираат.

Хани Махмуд се јави од Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа.