Граѓаните најавија порадикални потези во потрагата по одговори за несреќата во Нови Сад

595

Во Србија продолжуваат сослушувањата по несреќата во Нови Сад, кога 14 лица загинаа при уривање на настрешницата на железничката станица.

Тројца од повредените се уште се во тешка состојба.

Има многу непознати и неодговорени прашања, а граѓаните бараат одговори и одговорност.

И на протестот во Белград денеска беа побарани оставки.

Политичките организации и партии, но и граѓаните најавија радикализација на протестот.

Српскот премиер порача дека политичка одговорност мора да постои, но дека одлуката ќе се донесе со ладна глава и врз база на факти, а не на притисоци од улица.