ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА: Ладниот бран од север ја зафаќа Македонија, утрински температури под нулата 

0
178

Територијата на Македонија полека потпаѓа под влијание на студената воздушна маса која се спушта од север, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски. Особено студено ќе биде на планините.

И од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека во текот на новата работа седмица времето ќе биде претежно сончево со студени утра и минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Попоски најавува дека во текот на следната недела се очекуваат првите умерени до јаки мразови на Балканот.

-Територијата на Балканот, како и на нашата Македонија ќе бидат под влијание на значително постудена воздушна маса од север и од североисток на Европа. Во ваква ситуација кај нас температурите ќе опаднат за 6 до 9 степени во однос на оние кои ги имавме досега. Во регионот температурите ќе опаднат дури за околу, па и за повеќе од 10 степени. Особено студено ќе биде наутро, кога на многу места од Балканот, како и во Македонија ќе има појава на умерени, а во регионот до јаки мразови, особено на планинските места. Тоа значи дека температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па  и под -5 степени. Се на се, пред нас е многу поладен, но сув период, пишува метео-прогнозерот Попоски.