Во престрелка поврзана со трговија со дрога во Франција е убиен петанесетгодишник, ранети се пет млади лица

67

Петанесетгодишно е убиено, а пет млади се ранети во престрелка поврзана со трговија со дрога во францускиот град Поатје, јавија денеска француските медиуми.

Обвинителот во тој град Кирил Лаком соопшти дека младиот човек, кој пред неколку дена беше ранет во престрелка во главата, им подлегнал на повредите во болница, јави телевизијата БФМ.

Градоначалникот на Поатје му испрати целосна поддршка на неговото семејство, додавајќи дека смртта на еден млад човек во вакви трагични околности мора да поттикне одлучност за борба против сите форми на насилство, особено оние поврзани со трговијата со дрога.

Пукањето се случило во четвртокот вечерта пред ресторан во квартот Коронери, по што следела тепачка, велат властите кои ја отвориле истрагата, пренесува Танјуг.