РАСТЕ ЦРНИОТ БИЛАНС ВО НОВИ САД, СЕ УШТЕ ИМА ЛУЃЕ ПОД УРНАТИНИТЕ – Дачиќ: 13 мртви, се надевам дека нема да има повеќе

368

Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека бројот на жртви се зголемил на 13, а три лица се тешко повредени.

Претходно кога пристигнав објавивме дека има 8, потоа видовме дека долу има уште 5 лица кои не даваат знаци на живот, но не ни беше дозволено однапред да ги прогласиме за починати, рече Дачиќ.

Сѐ уште има луѓе во урнатините, на местото на несреќата има 80 спасувачи од повеќе центри во Србија, изјави командантот на секторот за вонредни ситуации на српското МВР.