Манекенка стана мета на критики – се облекла како принцезата Дијана за Ноќта на вештерките/ФОТО

1065
Фото: Instagram

Шведската манекенка Елса Хок (35) предизвика шок кај фановите откако на својот Инстаграм профил објави фотографии од својот костим – се трансформирала во принцезата Дијана.

Русокосата убавица ги шокираше фановите кога на својот Инстаграм профил објави серија фотографии, глумејќи ја покојната принцеза која трагично загина во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година.

Елса носеше реплика на култниот „Одмазднички фустан“ што Дијана го носеше ноќта кога принцот Чарлс ја призна аферата со Камила.

Манекенката ја покажа својата маска на социјалните мрежи, а многумина во коментарите ја обвинија за непочитување.

„Костимите треба да бидат забавни, а не да потсетуваат на нечиј трагичен живот“, „Бесрамно! Како некој да се радува да види некој од своето семејство, трагично починат, облечен како костим за празник и забава“, „Грозно е да се глуми принцезата Дијана за Ноќта на вештерките“, се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elsa❤️ (@hoskelsa)