Трикратниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ги отфрли критиките за своите постапки во Мексико, ставајќи до знаење дека знае што прави.
Макс Верстапен, актуелниот шампион во Формула 1, уште еднаш докажа дека не го засегаат коментарите отстрана, вклучително и оние од Дејмон Хил.
Во текот на последната трка во Мексико, тој се најде на удар по серијата инциденти кои резултираа со казна од 20 секунди и поради кои мораше да „одмори“ во боксот.
Шампионот во Формула 1 од 1996 година ги коментираше токму тие маневри. На прашањето дали има одговор на неговите коментари, Верстапен кратко одговори: – Јас не слушам такви поединци, си ја работам мојата работа. Јас сум трикратен светски шампион, мислам дека знам што правам. Имам мое мислење, но не морам да го споделам. Некои луѓе се навистина напорни. Знам кои се тие луѓе и не им обрнувам внимание – изјави Холанѓанецот.
Објаснувајќи ја ситуацијата од своја перспектива, Верстапен рече дека има моменти во кои „понекогаш победуваш, понекогаш губиш“ и дека едноставно се обидува да го постигне најдобриот можен резултат.