Затворање на „Златна лира 2024“ со концерт на Даница Стојанова и доделување на награди

47

Во Музејот на македонската борба, на 3 ноември, во 20 часот концерт
ќе се одржи Даница Стојанова, на пијано со што свечено ќе се затвори фестивалот „Златна лира 2024“. Даница Стојанова е реномирана македонска пијанистка со долгогодишна кариера на домашната и меѓународната сцена, а на програмата ќе бидат исполнети дела на Ерик Сати, Јохан Себастијан Бах, Франц Лист, Томислав Зографски, Фредерик Шопен, Енрике Гранадос.

Во рамки на настанот, Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), кој е организатор на Фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира“ ќе ги додели и наградата „Златна лира“ за врвни уметнички достигнувања за 2023 година на фаготистот Даниел Апостолов и наградата за животно дело „Златна лира“. Оваа година СМУМ наградата за животно дело му ја доделува на пијанистот, педагог и признаен културен деец Валери Стефановски.