epa11691043 Carlos Alcaraz of Spain reacts during his match against Nicolas Jarry of Chile at the Rolex Paris Masters tennis tournament in Paris, France, 29 October 2024. EPA-EFE/Mohammed Badra

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по поразот од Уго Амбер на Мастерсот во Париз изјави дека е незадоволен од условите за игра. Во моментов вториот тенисер на АТП листата загуби од Французинот во три сета со резултат 6:1, 3:6, 7:5 во осминафиналето на турнирот во главниот град на Франција.

Малкумина очекуваа ваков расплет, а Шпанецот по поразот истакна дека не му се допаѓа подлогата на која игра.

„Овој терен… Мислам, не сакам да кажам нешто што ќе звучи како изговор. Уго заслужи да победи. Кога играм, на пример, на затворен терен во Дејвис купот, теренот е многу побавен од Кога го одиграв првиот натпревар, статистиката беше дека ова е најбрзата патека на Мастерсот, веројатно на целата турнеја, ова е веројатно најбрзата подлога во последните 10 години на овој турнир.

“Не знам зошто го прават тоа. Не знам зошто го сменија теренот. Ме изненади, дојдов тука без да се подготвам доволно. Веројатно требаше да дојдам порано за да се навикнам на условите, но сè што можам да кажам е дека не разбирам зошто го направија тоа“.

Шпанецот кон крајот на сезоната го очекува учество на завршниот Мастерс турнир во Торино.