Најдобрите години, легендарниот холандски фудбалер, Јап Стам, ги одигра во италијанската Серија А, прво за Лацио, а потоа и за Милан. Имаше многу дуели со противничките фудбалери, а вечно ќе се памети и тој со Златан Ибрахимовиќ.
Тоа беше моментот кога тогаш 23-годишниот Ибрахимовиќ пристигна во Серија А и не дозволи никој да му застане на патот и од почетокот се постави како газда на зелениот терен.
На еден дуел помеѓу Милан и Јувентус дојде до сериозен конфликт помеѓу Ибра и Стам, дури и се туркаа и страстите беа на највисоко можно ниво.
Но, тој дуел со Ибрахимовиќ, кој е роден во Шведска, но има очигледен балкански менталитет, е далеку од тој помеѓу Стам и еден друг Балканец.
Токму бестрашниот Марио Манџукиќ како голобрадо момче го полуде Холанѓанецот на дуелот помеѓу Ајакс и Динамо од Загреб.
Тоа беше реванш од плеј-офот за влез во групната фаза на Купот на УЕФА во 2007 година, а „модрите“ го победија Ајакс со 3:2 по продолженијата на „Амстердам Арената“ и се пласираа понатаму.
Манџукиќ беше одличен на тој меч, постигна два гола во продолжението, но на теренот го понижи и Стам, кој го бркаше во тунелот, што детално го раскажа поранешниот дефанзивец на Динамо (З), Гордон Шилденфелд.
„Тој го удри Јап Стам, а дефанзивецот на Ајакс сакаше да го претепа во тунелот. Тоа е Манџо, таков лик. Добар, фантастичен играч. Играме во Амстердам и треба да се изведе последниот корнер на натпреварот.
„И претпоставувам дека Јап Стам постојано го чуваше, знам дека си разменуваа удари. Последен корнер, Стам се врти и го бара Манџо, а Манџо го тапка по рамото и го прашува: „Мене ме бараш“. Судијата свирна крај на натпреварот, а потоа Стам го бараше во тунелот. Трчаше по него, а ние пукнавме од смеење. Го полуди. Таков е Манџо. Игра свој фудбал и знае дека ќе го добие тоа што го сака“, изјави Шилденфелд.
Таков каков што беше таа вечер против Стам, Манџукиќ беше во текот на целата кариера, поради што го заслужи епитетот на бестрашен играч.