Британскито актер Хју Грант конечно и ги откри на целата светска јавност оригиналните имиња на двете најмали ќерки.
64-годишниот актер дал ексклузива во шоуто на Џими Кимел.
Кимел го праша актерот дали е вистина дека неговото средно име е Манго.
„Да“, неволно призна ѕвездата, истакнувајќи дека неговото целосно име е Хју Џон Манго Грант.
Грант се пошегувал дека имал многу нељубезни родители и дека поради тоа на своите деца им дал уште „полоши“ имиња.
Со неговата сегашна сопруга Ана Еберштајн го има синот Џон и две ќерки.
Нивните имиња се интересни. Невозможно е да се погодат.
Да почнеме со осумгодишната ќерка.
„Сопругата и јас испаничивме денот кога ја именувавме и мислевме дека би било убаво за неа еден ден да може да каже во пабовите дека нејзиното средно име е Опасност“, објасни Грант.
Осумгодишната ќерка на Грант се вика Лулу Денџер Грант.
А петгодишната ќерка е Блу Грант.
Таму веќе интервенирал синот.
„Тоа беше неговата омилена боја“, со насмевка му рекол на Хју зошто ја одбрал сината боја.