Љубовната одмазда најдобро се сервира испишана на автомобил/ФОТО

154
Фото: Скопје 1

Посетителите на трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје синоќа можеа да забележат автомобил кој беше паркиран пред трговскиот „украсен“ со пораки кон неговиот сопственик.

Пред шопинг мол во населбата Карпош, синоќа минувачите беа сведоци на несекојдневна сцена. Паркиран автомобил беше „украсен“ со натписи кои сугерираат на љубовна одмазда, јавува порталот Скопје1.

На возилото беа испишани зборови како „дебил“, „идиот“ и „cheater“. Очигледно, некогашна убава љубовна приказна завршила со горчлив крај, манифестиран преку креативна, но брутална реакција.