Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го коментираше бојкотот на челниците и фудбалерите на Реал (М) кои не сакаа да бидат дел од свечената церемонија на која беше доделена „Златната топка“ за 2024 година.
“Реал (М) не дојде на церемонијата? Ако сакаат да дојдат, добро. Ако не сакаат, тоа е исто така е во ред. Ако тие сакаат да му честитаат на победникот, добро. Ако не сакаат, не мораат, тоа исто така е во ред. Ние сме Манчестер Сити и не сме тука да им судиме на другите клубови или да ги судиме нивните одлуки“, изјави Гвардиола.
Трофејниот стручњак исто така потцети кои луѓе го имаат главниот збор во изборот за „Златната топка“.
„Дали Винисиус требаше да ја добие Златната топка? Можеби, но се случи тоа што се случи. Новинарите, а не елитните луѓе одлучуваат за наградата. И тоа новинари од сите страни светот, кои имаат различни мислења“.