Апокалипса во Шпанија: Феноменот „ладна капка“ однесе најмалку 95 жртви, десетици се исчезнати/ВИДЕО

2186
Ова би можело да стане најскапата катастрофа што некогаш ја погодила Шпанија. Интензивните дождови во Шпанија, се припишуваат на феноменот познат како „ладна капка“ кој настанува кога ладниот воздух минува преку топлите води на Средоземното Море. Ситуацијата води кон атмосферска нестабилност, предизвикувајќи кревање на топол, заситен, воздух и создавање на кумулонимбус облаци што, пак, носат обилни дождови.

 

Најмалку 95 лица загинаа во разорните поплави кои ги зафатија југоисточните делови на Шпанија, а по десетици исчезнати лица се уште се трага. Валенсија и околните населби се најтешко погодени, а според експертите, поплавите би можеле да станат најскапата катастрофа што некогаш ја погодила Шпанија.

Аналитичарите од осигурителниот пазар во Шпанија предвидуваат дека поплавите што се случија во средата ќе станат најскапата природна катастрофа во историјата на земјата, објави шпанскиот портал El Pais, пренесува BBC.

Претходно, најскапите поплави беа во провинцијата Бискеј во 1983 година, кога обилните дождови ја зафатија областа Билбао и околните општини, при што загинаа 34 луѓе. Трошоците на осигурителот за таа катастрофа изнесуваат 977 милиони евра, прилагодени на инфлацијата.

„Тоа беше огромно невреме невидено во последните 500 години, но она што се случи во Валенсија може да биде полошо“, рече Пилар Гонзалес де Фрутос, тогашен технички помошник директор за операции во Конзорциумот за штети за осигурување.

Овој пат има клучна разлика помеѓу Валенсија и Бискеј: во 2024 година, Шпанија има повеќе автомобили, што значи дека штетата за осигурителни компании може да биде значително поголема.

Неколку европски лидери како оние на Франција и Италија и понудија поддршка на Шпанија по смртоносните поплави. Емануел Макрон ја изрази својата „солидарност“ со погодените и гарантираше „достапност“ на Франција да помогне во операциите за помош. Италијанската премиерка Џорџа Мелони исто така се огласи за ситуацијата, велејќи дека нејзините мисли се „со семејствата на жртвите“.