Францускиот институт во Скопје организира ексклузивна гала филмска вечер „Најдоброто од Франција“, настан што ќе се одржи вечерва 30 октомври 2024, во 20 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје Сити Мол. Настанот е во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, а ќе биде прикажан и филмот „Нешто малку поинакво“.

Се работи ексклузивна премиера во регионот на најуспешниот филм во последните 10 години во Франција, со досега продадени над 10 милиони влезници.

Филмот е во режија на Артус, со Артус, Кловис Корнијак и Алис Белаиди во главните улоги.