Подгответе се за посебен астролошки аспект: Од сабота не очекува период на авантура, планови и љубопитност

62

Во сабота, на 2 ноември, не очекува интересен аспект, а тоа е триото на Меркур и Марс. Меркур ќе влезе во знакот на Стрелец и потоа ќе го направи овој позитивен аспект.

На многумина ќе им даде огромна ментална енергија која ќе ве обземе со читање, пишување како и споделување и размена на мисли. Ќе размислуваме брзо, ќе бидеме одлучни и снаодливи и ќе го направиме вистинскиот избор при правењето на планови. Ќе ни се изострат сетилата, ќе бидеме снаодливи и ќе сакаме авантури, кои на сите ќе ја дадат потребната самодоверба при преземање на одредени ризици.

Нашиот фокус ќе биде на концентрацијата, пишува „Astrology king“, а тоа ќе биде добар период за финансиски планови. Ќе имаме искрен и директен стил на комуникација, па разните дебати ќе бидат успешни. Ова води и до успешни јавни настапи.

Тоа е совршено време да се залагате за себе, за вашите најблиски и за сите за кои се грижите. Не е исклучено да тргнете во напад, бидејќи со таа самодоверба што ја имате сигурно ќе освоите се.

Ќе ги ослободиме нашите умови за авантури, ќе бидеме диво љубопитни, а мудроста и инспирацијата само ќе продолжат да доаѓаат. Ова е можност да научиме за хаосот и како успешно да се справиме со него.