Од Кремљ објавија дека германската воена компанија „Рајнметал“ станала легитимна цел на руските сили.
Воените фабрики и објекти во Украина управувани од германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“ станаа легитимна цел на руската армија, објави Кремљ во текот на денот, цитиран од весникот „Политико“.
Запрашан дали фабриката за одржување на борбени возила неодамна отворена од германска воена компанија во Украина, разурната од војна, е легитимна цел, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кратко рече: „Секако дека е“, објави руската новинска агенција „ТАСС“.