Нетанјаху сака неговиот син Авнер да ја одложи венчавката поради БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК!

41
EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара неговиот син Авнер да ја одложи својата свадбена церемонија, која е планирана за 26 ноември на фарма во регионот Шарон, северно од Тел Авив.

Причината за ова барање е зголемениот безбедносен ризик, особено поради потенцијална закана од дронови, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Оваа мерка е побарана откако дрон на „Хезболах“ погоди прозорец од приватната резиденција на Нетанјаху во почетокот на овој месец, предизвикувајќи материјална штета.

Извори блиски до премиерот соопштија дека Нетанјаху рекол дека одржувањето на свадбата може да претставува ризик за присутните.