Голем е бројот на играчи кои јавно му дадоа подршка на Винисиус Јуниор кој беше убеден дека ќе ја добие „Златаната топка“ но на крајот остана со празни раце. Нормално, најжестоки во критиките се актуелните и поранешните фудбалери на Реал (М).
Винисиус не беше заборавен ниту од неговиот поранешен соиграч Карим Бензема, кој му даде поддршка преку својата приказна на Инстаграм. Французинот под нивната слика напиша trop fort, што значи „Премногу силен“.
Сепак, реакцијата за која најмногу се пишува е онаа на Едуардо Камавинга, која е многу пожестока отколку што многумина очекуваа.
“Фудбал = политика! Брат мој, ти си најдобар играч на светот и ниту една награда не може да каже поинаку. Те сакам”, напиша Камавинга.