„Големиот шеф“ објасни зошто Винисиус не ја освои „Златната топка“

136

Главниот и одговорен уредник на Франс Фудбал, Винсент Гарсија, тврди дека веројатно ги знае причините поради кои Винисиус Јуниор не го добил ласкавото признание.

“Беше блиску. Веројатно Винисиус го чинеше да ги има Џуд Белингам и Дани Карвахал во Топ 5″, изјави Гарсија и продолжи:

„Реал (М) вршеше голем притисок со цел да дознае дали Вини е победник. Можеби мојот молк ги натера да помислат дека Вини загуби и затоа не се појавија. Негативно сум изненаден, но не сакам да ја поминам ноќта зборувајќи за Реал (М). Сакам да му се посветам на нашиот голем победник Родри“.

Гласовите ќе бидат објавени на 9 ноември, а Гарсија наведува дека Родри и Вини биле многу блиски.

„Како што кажав претходно, беше многу блиску. Сите клубови бараа информации за тоа кој победи. Оваа година јасно ставивме до знаење дека никој нема да знае. Така беше. Ви гарантирам дека никој од Сити и Реал не знаеше. Можеби само имаа чувство. Можеби е до „Ел Класико“. Не знам”, додаде Винсент Гарсија.