Откако светскиот тениски рект број еден Италијанецот Јаник Синер, го коментираше својот триумф на егзибициониот турнир „Six Kings Slam“ со зборовите: „Јас не играм тенис за пари“. Едноставно е. Секако, наградата е убава и сето тоа, но… Таму отпатував бидејќи беа шесте најдобри тенисери во светот, па можев да се натпреварувам со нив“. Овие негови зборови предизвикаа потсмев на Стен Вавринка на социјалните мрежи, а тешко дека некој му поверува.
Дали поради ова или затоа што е едноставно искрен, Карлос Алкараз на прес-конференцијата во очи на мастерс турнирот во Париз на сосема поинаков начин го објасни патувањето на овој чудесен егзибиционен турнир.
– Ако кажам дека сум отишол во Ријад само за забава или да играм и да ги заборавам парите, ќе излажам. Очигледно улога одиграа и деловните причини. Таков е животот. Го сакам тенисот и најчесто не размислувам за пари, играм од љубов и забава. Но, треба да бидеме реални, треба да размислуваме и како да заработиме пари. Во Саудиска Арабија се исплатени најмногу пари во историјата, тоа беше голем мотив, барем за мене.
Шпанецот се уште нема голем успех во Париз.
– Досега не сум играл добро на овој турнир. Веројатно затоа што е крај на сезоната и јас сум уморен. Како што кажав минатата година, морам да научам дека сезоната не завршува во септември. Сепак, сега мислам дека сум навистина добро подготвен.
На прашањето што се смени кога не уморен дојде во Париз, Алкараз објаснува:
– Едноставно, разбрав дека сезоната продолжува и по САД Опен. Бев отсутен од дома месец и половина, колку што траеше азиската турнеја, но свесен сум дека има и други турнири на кои би сакал да играм добро – ме потсетува дека по Париз, Торино и Дејвис купот, следно е финалето во Малага. Сакам да ја завршам сезоната на второто место, а за да го постигнам тоа морам да ја задржам свежината за добри резултати на последните турнири.
Алкараз како втор носител е слободен на стартот на турнирот во Париз. Ривал во второто коло му е Чилеанецот Џари, 37-ми во светот, против кого води со 2:1 во натпревари. Каспер Руд е потенцијален противник во четвртфиналето, Данил Медведев во полуфиналето, а Синере во финалето.