Италијанецот Андреа Јаноне се враќа во Мото ГП шампионатот по пауза од пет години, а ќе го замени својот сонародник Фабио ди Џанантони во тимот ВР46 на претстојната трка за Големата награда на Малезија во Мото ГП шампионатот.
Во соопштението на официјалната веб-страница на натпреварувањето се наведува дека Ди Џанантонио ќе се врати во Рим каде оваа недела ќе му биде извршена операција на левото рамо. Тој трката за Големата награда на Тајланд ја заврши на четвртото место.
Јаноне (35) од 2013 до 2019 година се натпреваруваше во Мото ГП шампионатот и оствари една победа. Потоа беше суспендиран на 18 месеци, бидејќи беше позитивен на допинг тест. Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана одлучи да го суспендира италијанскиот мотоциклист на четири години по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА).
Мото ГП трката за Големата награда на Малезија ќе се одржи на 3 ноември.