Карлос Татај, кој остана во инвалидска количка откако доживеа несреќа во европскиот Мото2, реагираше бурно против Меѓународната мотоциклистичка федерација (ФИМ) откако не доби финансиска помош поради повредата со која се здоби за време на трката.
Тој не добил никаков надоместок што го барал од Федерацијата, бидејќи од таму сметале дека спортистот немал аргументи за неговата повреда.
- ФИМ ми плаќа само ако останам да лежам на каучот, тие се бесрамни, порача Татај преку социјалните мрежи.
- Ја испративме целата медицинска документација, вклучително и извештаите од болницата во Толедо, кои ја потврдуваат мојата целосна и хронична повреда на ‘рбетниот мозок. А сепак, тие ми одговараат дека немам попреченост и прикачуваат линк до вест во која се вели дека се натпреварувам на рели, раскажува Татај, многу е погоден од третманот што го добива од институциите на неговиот спорт како последица на неговата несреќа.
Сепак, неколку дена подоцна пристигна и реакција од ФИМ.
Неговата порака веќе ги натера да реагираат од ФИМ, кои го контактирале, иако се уште без конкретни мерки. Претседателот на меѓународната федерација во краток твит му одговори на Татај уверувајќи дека ќе ја добие својата отштета.